Мартинез продолжи со нападите кон управата: Нема да молчам!

Драмата во Манчестер јунајтед продолжува, откако Лисандро Мартинез повтори дека не е задоволен од амбициите на премиерлигашот и смета дека клубот мора многу повеќе да се фокусира на освојување трофеи.

Аргентинскиот дефанзивец смета дека од клуб со историјата на Јунајтед треба да се очекува борба за највисоките цели, како што се титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

„Треба да имаме поголеми амбиции. Треба повеќе да зборуваме за освојување на Лигата на шампионите и Премиер лигата. Очекувам многу повеќе, нема да молчам“, порачал Мартинез.

Претходните напади кон управата на клубот предизвикаа реакција, односно беше најавена санкција за Аргентинецот.

Фото: Facebook/Manchester United