Марсеј официјално потпиша со Алексис Санчез и го промовира како – суперхерој (ВИДЕО)

Поранешниот европски и француски првак Олимпик Марсеј и официјално денеска потпиша со чилеанската ѕвезда Алексис Санчез, кој доаѓа на „Велодром“ како слободен играч после спогодбениот раскин на договорот со Интер.

Санчез ги мина лекарските прегледи, па стави официјален потпис на договорот и доаѓа како големо засилување на Марсеј, фудбалер со огромно искуство како член на Удинезе, Барселона, Манчестер јунајтед, Арсенал и Интер, кој има 142 настапи за својата репрезентација.

Французите своето најново засилување уникатно го претставија како – суперхерој.