„Марка“ ги објави двајцата кандидати за наследник на Лопетеги

Ерата на Хулен Лопетеги во Реал Мадрид дојде до крајот, откако „кралскиот клуб“ денеска во Барселона доживеа понижување со рамните 1-5 во „ел класико“, па повеќе од извесно е дека мандатот на кормиларот на мадридскиот великан заврши со овој меч.

Лопетеги дојде во Реал откако направи циркус со шпанската селекција, чиј селектор беше. Два дена пред стартот на СП, Реал објави дека тој е наследникот на Зинедин Зидан, а федерацијата експресно изреагира и го избрка. Местото селектор го презема Фернандо Иеро, но не се прослави во Русија, а Лопетеги требаше да создаде нова ера на Реал без Кристијано Роналдо.

И не успеа во тоа, па сега ќе мора да си оди по четири месеци кормилар на најтрофејниот шпански клуб. Најугледниот шпански весник „Марка“, која е блиска до мадридскиот великан објави денеска две имиња кои ќе го наследат Лопетеги.

Првиот е Антонио Конте, италијанскиот стратег и екс-тренер на Јувентус и Челси, а и бивш селектор на Италија. Вториот е Сантјаго Солари, бившата голема ѕвезда на Реал од почетокот на овој милениум.

Сега останува само на Флорентино Перез, кога ќе пресече за Лопетеги и кого ќе наименува за негов наследник.