Манчестер Сити во нов проблем: УЕФА чека расплет на случајот пред да реагира!

Проблемите за поранешниот англиски и европски шампион Манчестер сити не завршуваат со постапката во Англија бидејќи Европската фудбалска унија (УЕФА) внимателно ја следи ситуацијата и ќе почека пред да реагира.

Независната комисија неодамна ги прогласи „граѓаните“ за виновни за сериозни прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата во период од 2009 до 2018 година, а притоа има прекршоци кои се однесуваат и со тогашните правила на УЕФА за финансискиоте фер-плеј.

Манчестер сити ги отфрли обвиненијата и поднесе жалба на одлуката, но и покрај тоа УЕФА будно ја следи ситуацијата и ќе почека да заврши дисциплинскиот процес во Премиер лигата пред да реши дали ќе преземе дополнителни мерки против поранешниот англиски шампион.

Иднината на гигантот од Манчестер останува неизвесна бидејќи најверојатно ќе мора да се бори на повеќе фронтови за да докаже дека е невин.

Фото: Facebook/Manchester City