Стојчевски: Ни фали подобра реализација на шансите, за да се „вратиме“ во живот
Андреј Стојчевски по натпреварот кажа дека грешките на ова ниво на натпреварување секогаш се казнуваат и тоа најдобро се забележало на денешниот меч“
„Како што кажав и претходно, на крајот важен е резултатот. Првото полувреме одигравме коректно, но Швајцарија е квалитетна репрезентација и наивни грешки ги казнуваат лесно. Не смееме да правиме такви грешки во иднина. Одигравме добро полувреме, но треба да го одиграме цел меч на тоа ниво“, вели Стојчевски.
Македонија ѝ парираше на Швајцарија во поголем дел од првото полувреме, но потоа следеше пад во играта, а Стојчевски открива што се крие зад него.
„Пад на концентрација, на ова ниво не се простуваат грешки. Мора сите 90 минути да ги одиграме на највисоко ниво. Имавме шанси, но ни фали подобра реализација на шансите и мора да работиме на тоа“, кажа репрезентативецот.