Лошата претстава продолжува: Швајцарија со уште една лекција за Македонија! (ВИДЕО)
Македонија добро се бранеше против Швајцарија, кој не делуваше опасно во нападот на стартот од средбата, а воедно нашите репрезентативци се заканија кон голот на домаќинот преку Димитар Митровски.
Швајцарија, сепак, успеа да поведе со 1-0 пред крајот на првото полувреме откако Фабиан Ридер ја затресе мрежата на Столе Димитриевски.
Селекторот Гоце Седлоски реши да направи неколку измени во вториот дел, но повторно Македонија немаше идеја во нападот и не упати ниту еден удар во рамки на голот на Швајцарија.
Домаќините, од друга страна, продолжија со нападите и постигнаа уште два погодоци преку Јохан Манзамби и Дан Ндоје за конечни 3-0. Головите може да се погледнат ТУКА и ТУКА.
🚨🌍 | GOAL: DAN NDOYE MAKES IT THREE FOR SWITZERLAND! WHAT A DEFENSIVE MISTAKE BY MACEDONIA! 🇨🇭 Switzerland 3-0 North Macedonia 🇲🇰 https://t.co/ilUyfZH79Q
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) October 6, 2026
По четири одиграни кола, Македонија е последна во групата 1 без освоен бод, 10 примени голови и ниту еден постигнат погодок.
На вториот натпревар во нашата група, Словенија славеше против Шкотска со 2-1.

