Куфал помисли дека е напаѓач на Англија и си постигна - ефектен автогол! (ВИДЕО)

Англија поведе во дуелот против Чешка во 27. минута, меѓутоа стрелец на голот беше искусниот дефанзивец Владимир Куфал кој ја затресе мрежата на неговата репрезентација.

Куфал реагираше панично пред голот, но наместо да ја исфрли топката далеку од казнениот простор, тој погоди во мрежата на Хорничек како да е напаѓач на „Гордиот Албион“.

Фото: Facebook/Česká fotbalová reprezentace