Алиоски: Мора да учиме од грешките!

Македонија запиша уште еден пораз во Лигата на нации, и тоа на гостувањето кај Швајцарија со 0-3 во четвртото коло од натпреварувањето.

Езгјан Алиоски се врати во стартниот состав на репрезентацијата, а по натпреварот кажа дека им е тешко по новиот пораз, но мора да учат од грешките.

„Тешко ни е по овој натпревар. Покажавме дека имаме квалитет и може да играме фудбал. Селекторот им даде шанса на сите, а ние мора да учиме од грешките кои ги направивме на натпреварите. Сигурно е дека имаме квалитет, тоа го покажавме во првото полувреме. Направивме две грешки и примивме два гола, а после такво нешто е тешко да се вратиш“, кажа Алиоски.