Елези: Како да не ни е судено да го дадеме тој толку посакуван гол!
Елези беше разочаран по поразот на Македонија и кажа дека е штета што не успеале да извлечат позитивен резултат посебно поради тоа што одиграле егал во најголем дел од првото полувреме против ривалот.
„Мислам дека е голема штета посебно поради првото полувреме кое го одигравме добро. Некако како да не е судено да го дадеме тој гол, имавме шанси. Ова е репрезентација која стигна до четвртфинале на Светско првенство, а ние бевме егал со нив во првото полувреме. Излеговме на терен да дадеме максимум, но како да не беше доволно. Жал ми е за публиката која беше во голем број на трибини. Мислам дека сме многу добра група на фудбалери, работиме напорно и се надевам дека работите ќе тргнат во позитивна насока. Се надевам дека конечно ќе ги израдуваме навивачите“, кажа Елези.