Англија ја прегази Чешка, Шпанија со пресврт ѝ пресуди на Хрватска (ВИДЕО)
„Гордиот Албион“ поведе со автоголот на Владимир Куфал во 27. минута, а потоа во листата на стрелци се запиша и Хари Кејн.
Англија постигна и трет погодок во вториот дел, а повторно стрелец за домаќините беше Кејн (3-0).
Хрватска одигра подобро прво полувреме од Шпанија и заслужено водеше со 1-0 со голот на Иван Перишиќ, но во вториот дел следеше целосен распад кај домашната репрезентација.
Шпанија израмни преку Микел Мерино во 61. минута, а потоа истиот фудбалер во финишот од средбата погоди за целосен пресврт.
Останати резултати:
Албанија – Сан Марино 2-1
Белорусија – Финска 1-0
Естонија – исланд 0-0
Луксембург – Бугарија 0-2
Молдавија – Словачка 0-4
Фото: Facebook/England football team