Гатузо: Имам болест поради која предвреме ја завршив кариерата!
Тренерот на Лацио откри дека боледува од очна мијастенија, автоимуна болест која му била дијагностицирана кога имал 34 години и таа била причина да се повлече од терените.
„Имав уште да дадам на теренот, но престанав да играм затоа што на 34 години добив автоимуна болест, очна мијастенија. Постојат луѓе со истата болест кои четири или пет месеци лежат во кревет и не можат да се движат“, раскажа Гатузо.
Гатузо беше именуван за тренер на Лацио пред почетокот на новата сезона, а потпиша договор до 30 јуни 2028 година.
Фото: Facebook/S.S. Lazio