
„Манчестер сити е во криза, но треба да си луд за да го отпишеш од трката за титула“
Клоп кажа дека „граѓаните“ имаат шест бода негатива за Арсенал, но сè уште се во игра за титулата.
„Мислам дека ќе се води битка за титулата до крај. Манчестер сити е во мала криза, но треба да си луд ако го отпишеш од трка за трофејот. Арсенал е кандидат за пехарот, но никого не би отпишал до самиот крај“, вели Клоп.