Манчестер јунајтед не е на продажба!

Извршниот заменик претседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард вели дека семејстовто Глејзер нема никаква намера да го продава клубот. 

Според него, сопствениците се тука на долгорочен план и никогаш не станало збор за продажба на акциите. Вчера се појавија шпекулациите дека саудискиот принц престолонаследник, Мохамед бин Салман ќе испрати и трета понуда вредна три милијарди фунти да ги купи сите акции во Манчестер јунајтед.

„Базирано на она што го гледам, тие (семејството Глејзер) се во клубот на долги патеки. Што се однесува до понудите за купување или некаква проценка на вредноста на клубот, колку што знам јас никогаш не станало збор за проценување на цената на Манчестер јунајтед или било што друго. Сите разговори кои ги имаме во клубот се за иднината и на долги патеки“, изјави Вудвард.

Навивачите на „црвените ѓаволи“ долго време се против семејството Глејзер и на секој начин се обидуваат да ги избркаат од клубот. Не се омилени уште кога го купија Манчестер во 2003 година.