Манчестер јунајтед купува нов голгетер во јануари и тоа од Лион

Манчестер јунајтед треба сериозно да се засили во нападот за да биде конкурентен сезонава, па Оле Гунар Солшер веќе има на ум кој фудбалер треба да биде првото засилување во јануарскиот преоден рок. 

Се работи за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, кој сезонава има постигнато шест голови во Лига 1. Премиерлигашот синоќа испрати скаути да го следата Французинот за време на дербито со Сент Етијен.

Дембеле доби шанса од клупата и имаше само еден шут кон противничкиот гол, што воедно беше и единствениот за неговиот тим на целиот натпревар. Јунајтед подолго време го следи 23-годишниот голгетер, а Солшер верува дека тој е решението за проблемите во офанзивата.

Дембеле ја игра втората сезона во Лион, а лани постигна 15 голови на 33 натпревари во Лига 1. Претходно го носеше дресот на Селтик и на Фулам.