Откажан пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Иран

Македонската фудбалска репрезентација засега останува со само еден потврден пријателски дуел во терминот на ФИФА во мај/јуни, пред почетокот на Светското првенство.

Нашиот национален тим на 29 мај ќе се сретне со БиХ во Сараево и тоа е досега единствениот потврден меч. За јуни беше планирано да се сретнеме со Иран во Турција, но последните информации велат дека тој натпревар е откажан. Иранците требаше да играат и со Ангола пред Мундијалот, ама и тој меч нема да се одигра според однапред планираното.

 

 

Натпреварот со Македонија требаше да биде генерална проба за Иран пред Светското првенство, но оваа репрезентација останува во моментов без ниеден потврден тест за Мундијалот. Планирано е Македонија да игра и со Турција во јуни, најверојатно во Анталија, но датумот за тој меч уште не е официјално потврден.

Информацијата дека треба да се сретнат Иран и Македонија објавија Иранците во текот на минатиот викенд.