Манчестер јунајтед го прегази Лестер, а Ипсвич го шокира Тотнем среде Лондон (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед полека влегува во ритам, откако денеска со 3-0 триумфираше против Лестер, додека Тотнем доживеа шокантен пораз среде Лондон од Ипсвич со 1-2.

Бруно Фернандеш во 17. минута погоди за предност од 1-0, додека Кристиансен со автогол го зголеми водството на „црвените ѓаволи“.

Третиот гол за триумф на гигантот од „Олд Трафорд“ беше дело на Гарначо во 82. минута од натпреварот.

Ипсвич го шокира Тотнем во првиот дел со два гола, откако во листата на стрелци се запишаа Шмодик и Делап.

Тотнем во вториот дел се обиде да избегне срам и погоди преку Бентакур за 1-2, но избраниците на Анге Постекоглу немаа сила и за втор гол.

Нотингем Форест одигра две различни полувремиња и на крајот загуби од Њукасл со 1-3. Иако имаше предност од 1-0 со голот на Мурило од 21. минута, сепак Нотингем во вториот дел прими три погодоци од Исак, Жоелингтон и Барнс.