Манчестер јунајтед добива „засилување“ за дербито со Ливерпул

Ентони Марсијал би можел да се најде во составот на Манчестер јунајтед за неделното дерби против Ливерпул во рамки на Премиерлигата. 

Французинот се врати на тренинзите и доколку работите одат нормално, тој би можел да биде во составот. Не се очекува да биде стартер, но најверојатно ќе добие минутажа во второто полувреме.

Марсијал го повреди бутниот мускул уште во август, а Манчестер јунајтед без него се мачи да постигнува голови. На последните осум средби тимот има постигнато само пет голови и забележа две победи, четири ремија и два порази.