Мајсторија на Жута од слободен: Убав гол и уште поубаво чувство кога има навивачи (ВИДЕО)

Поранешниот македоски репрезентативец Леонард Жута постигна спектакуларен гол од слободен удар за својот нов клуб Валеренга, каде пристапи летово после заминувањето од италијански Лече.

Жута како вистински мајстор погоди од преку 20 метри од слободен удар во триумфот со 3-0 против Стромгосет, за да ја крене публиката на нозе со фантастичкиот погодок и за него ова е прв гол во дресот на својот нов клуб.

„Беше прекрасно. Ама уште пофантастично и поубаво е што рестрикциите се тргнаа, па навивачите беа тука за да има со кого да се израдуваме“, рече Жута по голот.

Поранешниот македонски репрезентативец кој играше до 2017 година во националниот тим е поранешен фудбалер на Хакен, Риека, Коњаспорт и Лече.