Мајнц со еден гол го освои Менхенгладбах
Борусија си направи големи проблеми, откако Итакура доби директен црвен картон во 53. минута, по што Мартин само две минути подоцна ја затресе мрежата на домаќините за водство од 1-0.
Мајнц по пет одиграни кола се наоѓа на петтата позиција со 10 бода, односно два повеќе од Борусија, која е на деветто место.