Магија во Романија: Тинејџер постигна спектакуларен гол со рабона! (ВИДЕО)

Алин Текереш има 19 години и игра на позиција лев бек за романскиот второлигаш Сепси, а сега се најде во центарот на вниманието поради спектакуларен гол кој го постигна против Стеауа.

Младиот фудбалер дефинитивно со овој гол ќе се најде во најтесна конкуренција за гол на годината и популарната награда „Пушкаш“. Неговите соиграчи буквално се држеа за глава кога со рабона по половина час игра успеа да ја смести топката во мрежата.

Интересно е што ова беше и негов прв гол во сениорска конкуренција.