Магичен пресврт на „Олимпико“: Лацио го доби дербито против Интер (ВИДЕО)

Лацио со пресврт го совлада Интер (2-1) во дербито од 24. коло во италијанската Серија А, па ја продолжи трката за Скудетото.

Ешли Јанг го замолче „Олимпико“ во 44. минута, кога постигна гол за водство на гостите од Милано од 1-0 на полувреме.

На стартот на второто полувреме Лацио доби пенал, кој без проблеми го реализираше Чиро Имобиле, додека Сергеј Милинковиќ Савиќ во 69. минута ги постави конечните 2-1.

Јувентус е лидер на табелата со 57 бодови, еден помалку има Лацио, а три бодови негатива има Интер. Додека во топ-4 се наоѓа и Аталанта со 45 бодови.