Луиз Диаз го напушта Ливерпул и се сели во Шпанија

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Луиз Диаз на крајот на сезоната го напушта премиерлигашот, откако веќе ги договорил личните услови со Барселона.

Диаз веќе некое време се поврзуваше со заминување од гигантот, а сега шпекулациите се зголемија по објавата на познатиот новинар Фабрицио Романо.

Засега не се откриваат детали од неговиот личен договор со Барселона, но каталонскиот гигант допрва треба да преговара со „црвените“.

Колумбиецот игра за премиерлигашот од 2022 година, откако претходно го носеше дресот на Порто.