Лудница во Манчестер: Принц од Саудиска Арабија го купува Јунајтед!?

Манчестер јунајтед пред десетина години беше еден од најдобрите клубови во светот, но во претходните неколку сезони тие се мачат со лоши резултати, а освојувањето на Премиерлигата стана невозможна мисија.

Откако Сер Алекс Фергусон реши да замине во пензија многу работи се променија на „Олд Трафорд“, а „црвените ѓаволи“ никако да се вратат во форма.

Сопствениците на клубот се обидуваат на сите начини да го вратат клубов во врвот, но ангажирањето на Жозе Мурињо и многу фудбалски ѕвезди не успеа.

Англиските медиуми денеска ја шокираа јавноста, откако објавија дека принцот од Саудиска Арабија, Мохамад бин Салман, размислува да го купи Манчестер јунајтед.

Богатството на принцот е огромно, а би можел да го купи Јунајтед за „само“ три милијарди фунти.