Лопетеги „отишол со умот“: Имам голема желба да останам зошто на крајот – ќе славиме титула!?

Сè уште актуелниот тренер на европскиот првак Реал Мадрид, Хулен Лопетеги ги изненади сите на прес-конференцијата по дебаклот со 1-5 од Барселона, по што новинарите очекуваа дека сам ќе си поднесе оставка.

Лопетеги по мечот беше доста смирен и најави дека заслужува доверба да продолжи да биде водач на овој тим, зошто почеток е на сезоната, а и покрај поразот не е ништо загубено за на крај да се освои титулата. Шпанските медиуми по пресот веќе поставија прашање дали зборовите на Лопетеги имаат смисла или тој „отишол со умот“

„Сите знаеме како функционира фудбалскиот свет и дека на крај одговорноста е на тренерот. Не сум глупав, ама ние тука победуваме заедно и заедно губиме. Сè уште мислам дека сме во рана фаза од сезоната и дека на крај Мадрид ќе слави. Се чувствувам тажно во овој момент, но со голема желба да продолжам да работам и да бидам водач на оваа група. Ова е тежок пораз, но јас сум доволно силен за да ги свртиме работите во наша корист. Пред нас е долг пат, ама јас имам потполна доверба во фудбалерите“, изјавил Лопетеги.

Сега цел Мадрид чека што ќе каже Флорентино Перез, а првите информации се дека Лопетеги ќе добие клоца и веќе има двајца кандидати за негов наследник.