Лопетеги може да ги пакува куферите: Барселона на полувреме веќе има два гола предност (ВИДЕО)

Тренерот на европскиот првак Реал Мадрид, Хулен Лопетеги може веќе на полувреме да си ги пакува куферите, откако во „ел класико“, мадридскиот великан има два гола негатива по првото полувреме во пресметката со Барселона.

Реал Мадрид брзо се најде во негатива, по 11 минути откако Фелипе Кутињо го отвори дербито, а потоа Луис Суарез од пенал, и тоа досуден со помош на ВАР, го дуплираше водството и Барса е еден чекор поблизу до триумфот. Ако не се случи чудо, Барселона според играта во првиот дел многу изгледно е дека ќе го добие ова 238. „ел класико“.