Лопетеги конечно се јави по шпекулациите дека заминува од Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, би можел деновиве да добие отказ, откако се соочува со голем број критики, а притоа ниту управата на клубот не е задоволна со неговите резултати.

Европскиот шампион игра катастрофално во последно време, па имаат освоено само еден бод на последните четири натпревари во шпанската Ла Лига и тоа најмногу го загрижува раководството на тимот.

Заминувањето на Кристијано Роналдо од Мадрид очигледно направи големи проблеми, а Лопетеги конечно зборуваше за неговата иднина во клубот.

„Гледам на оваа ситуација како и сите останати. Одиме ден по ден и тоа е во наша контрола. Ако сакате да видиме поразен тренер, тогаш нема да го видите тука. Утре ќе влеземе максимално фокусирани на натпреарот и не размислуваме во моментов за ништо друго“, кажа Лопетеги.

Имаше и краток одговор на новинарите на прашањето за неговото можно заминување од тренерската клупа на „кралевите“.

„Тука сум во моментов и не можам да кажам ништо друго. Ќе бидам тренер на Реал Мадрид и утре“, објасни Шпанецот.