Љубовта ги победи парите: Гризман со намалена плата ќе продолжи да игра за Атлетико!

Иако имаше многу побогати понуди, Антоан Гризман реши да потпише нов договор со Атлетико Мадрид и покрај тоа што платата ќе му биде помала од онаа која ја заработуваше претходно.

Гризман имаше понуди од Саудиска Арабија и МЛС, имаше клубови кои му нудеа богатство со оглед на тоа дека беше слободен играч.

Но, францускиот фудбалер реши да остане таму каде што му е убаво без разлика на парите. Денеска тој стави потпис на нов договор.

Понудата која ја доби од Атлетико е со помала плата од онаа која претходно ја заработуваше, но тоа не му пречеше на Гризман за да го потпише договорот.

Новиот договор е со трајност до јуни 2027 година.