Ливерпул за 25 милиони евра пред нос ќе му украде стопер на Реал Мадрид

Англискиот великан Ливерпул и финалист во Лигата на шампионите оваа сезона пред нос ќе му го украде талентиран стопер на Реал Мадрид за 25 милиони евра, најавија дел од медиумите, откако Јирген Клоп решил да ја засили одбраната со Диего Љоренте од Реал Сосиедад.

Љоренте е цел на Клоп за засилување на стоперската позиција покрај неприкосновениот Вирџил Ван Дијк, холандската ѕвезда која беше прогласена за најдобар фудбалер сезонава во Премиерлигата. Матип е најчесто партнер на Ван Дијк, но игра топло-ладно, Гомез може да игра како стопер, но не е на врвно ниво, а тука е и Хрватот Дејан Ловрен, кој не е баш најомилен кај навивачите, потади тоа што знае да одигра врвно и да се „изглупира“ со некој кикс.

Поради тоа Љоренте е прв на списокот, фудбалер кој за Клоп игра доста интелигентно, а патем не е многу скап и чини само 25 милиони евра, за разлика од многу други ѕвезди од дефанзивата кои чинат и до петпати повеќе. За Љоренте, голем интерес има и од Реал Мадрид, сезонава одигра 21 меч, остави многу добар впечаток.

И според најавите „црвените“ ќе победат во трката, па многу веројатно е дека наскоро може и да се реализира трансферот.