Ливерпул „сериозно“ се подготвува за дербито со Манчестер јунајтед - со играње баскет! (ФОТО)

Во недела Манчестер јунајтед го пречекува Ливерпул на „Олд Трафорд“ во рамки на најголемото англиско дерби. 

„Црвените“ како лидери на табелата и со максимален ефект по осум одиграни кола гостуваат кај сезонава очајниот ривал. Ливерпул очигледно натпреварот не го гледа како вистинско дерби, бидејќи за време на вчерашниот тренинг, момците на Јирген Клоп тренираа малку баскет, а не фудбал.  

Дали „црвените“ мислат дека само ќе се прошетаат до „Олд Трафорд“, па победата не е доведена во прашање, останува да видиме во недела.