Ливерпул по четири порази, конечно, победи во Премиер лигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул, конечно, победија во Премиер лигата, откако по четири порази во низа, вечерва, како гости, го совладаа веќе испаднатиот тим на Шефилд јунајтед (2-0).

По точно четири недели од последниот триумф, „црвените“ се израдуваа на три бода до кои, сепак, не дојдоа лесно, без разлика што играа против најлошиот премиерлигаш. Составот предводен од Јирген Клоп не успеа да ја надитри противничката одбрана во првото полувреме, а првпат тоа им успеа три минути по стартот на вториот дел и тоа преку Куртис Џонс. Конечниот резултат беше постигнат во 64. минута, кога Кин Брајан ја погоди сопствената мрежа.

 

 

Со оваа победа, Ливерпул се приближи до местата што водат во Европа, па сега е шестопласиран со 43 бодови, еден помалку од Челси, а два од Вест Хем.