Лионел Меси сам има постигнато голови колку цел тим на Реал Мадрид

Може да се каже дека Реал Мадрид нема старт од соништата во новата сезона во Ла Лига, а тоа се потврди и со синоќешниот пораз од 0-1 од Бетис, со што „кралевите“ ја продолжија низата од три натпревари без победа на домашен терен.

Интересно е да се погледне статистиката по петте одиграни кола во шпанската фудбалска лига. Барселона е лидер на табелата со максимални 15 бодови и веќе има седум бодови повеќе од лутиот ривал Реал Мадрид, кој е на седмата позиција на табелата. 

За „кралевите“ уште попоразителна е статистиката на дадени голови. Момците на Зинедин Зидан за овие пет натпревари постигнаа девет голови, колку што има самиот Лионел Меси оваа сезона, со што нормално е лидер на листата на стрелците. Кај Реал најдобри стрелци се Марко Асенсио и Герет Бејл со по два гола.

По заминувањето на Нејмар, Меси буквално сам ги презема работите во свои раце што го докажува и фактот дека сезонава упатил дури 39 шутеви кон противничкиот гол и има два обиди повеќе од целиот тим на Барселона заедно.