Лионел Меси ќе игра за норвешки третолигаш

Аргентинската суперѕвезда во Барселона, Лионел Меси е идол на милиони луѓе низ светот, а многу млади фудбалери сонуваат да бидат како аргентинскиот виртуоз, но има и „лудаци“ кои се решаваат да си го сменат името и да се прекрстат како – Аргентинецот.

Така 16-годишен Норвежанец, Даниел Аре Кнутсен, толку е „болен“ по Меси, па решил да се прекрсти и отсега да се вика – Лео Меси. Во моментов потпиша договор со норвешкиот третолигаш Јункерен, со сон дека брзо ќе напредува и прво ќе стигне до Првата лига во Норвешка, а потоа ќе направи спектакуларна кариера.

„Долго време планирав да го сменам името во Лионел Меси. Тој е мојот најголем идол. Морав ова да го направам. Јас се обидувам да го копирам, да се приближам до неговата игра. Имам некои сличности, но знам дека не сум толкав талент како него. Ако ништо друго, добро ја контролирам топката и имам брзина“, вели Кнутсен, сега Лионел Меси.