Лидс на Алиоски се засилува со фудбалер од Баерн Минхен

Повратникот во Премиерлигата Лидс јунајтед и натаму е активен на трансфер-пазарот и бара нови фудбалери за да ја засили конкуренцијата. 

Последниот фудбалер, кој е на списокот на желби на менаџерот Марсело Биелса е Микаел Кизанс од Баерн Минхен. Младиот 21-годишен Французин не добива многу шанса во таборот на германскиот гигант и е подготвен да си замине.

Понудата на Лидс изнесува 20 милиони евра, што веројатно ќе биде доволно за Баерн да се согласи на продажба на фудбалерот од средниот ред. Кизанс блесна во таборот на Борусија Менхенгладбах, по што премина во редовите на најсилниот германски тим минатото лето за 12 милиони евра.

Лани одигра само девет натпревари за Баерн и постигна еден гол, а имаше и една асистенција.