Леванте објави соопштение за состојбата на Андонова (ФОТО)

Македонската фудбалерка Наташа Андонова постигна гол за победа на Леванте против Тенерифе (1-0), но доби незгоден удар во главата, по кој на носилки беше изнесена од теренот.

Андонова веднаш била испратена во болница на медицински тестови, по што Леванте објави соопштение во кое откри повеќе детали.

„Наташа е отпуштена од болница, откако ѝ беа направени различни тестови. При истите ѝ била дијагностицирана лесна трауматска повреда на мозокот (ТБИ). Оптимисти сме за нејзино правило закрепнување и ќе ја следиме состојбата“, соопшти Леванте.