„Л'Екип“: Нагелсман доаѓа во ПСЖ, помошник ќе му биде – Тјери Анри

Германецот Јулијан Нагелсман, кој неочекувано беше избркан од Баерн Минхен пред два месеци е пред доаѓање во Пари Сен Жермен за да седне на клупата на „светците“ како наследник на Кристоф Галтие, а со него на клупата доаѓа и француската легенда Тјери Анри, објави најугледниот светски весник „Л'Екип“.

Според информации на весникот, Нагелсман и ПСЖ се веќе во напредни преговори и наскоро се очекува да постигнат комплетен договор, а со тоа Германецот да седне на клупата и почне да го гради тимот, кој ќе претрпи сериозна реконструкција зашто веќе е сигурно заминувањето на Лионел Меси и на Серхио Рамос, а во најава е заминување и на Нејмар.

ПСЖ веќе го договори Марко Асенсио, словачкиот стопер од Интер, Милан Шкринијар, двајцата кои доаѓаат бесплатно, а пред доаѓање е и фанцускиот лев репрезентативен бек Лукас Ернандез од Баерн Минхен.

Со Нагелсман доаѓа и Анри, кој беше двапати помошник во репрезентацијата на Белгија на поранешниот селектор Роберто Мартинез, а еднаш имаше неуспешна и краткотрајна самостојна тренерска кариера како тренер на Монако.