Легендата на Арсенал се врати во клубот и ќе му биде тренер на Илиев

Пензионираниот шведски фудбалер, Фреди Љунберг, се врати во Арсенал, кадешто играше девет години од својата кариера и остави голема трага.

Љунберг по одличната кариера како фудбалер, почна тренерска кариера, а нов ангажман доби во селекцијата на Арсенал до 23 години, кадешто игра нашиот голман Дејан Илиев.

„Пресреќен сум што се враќам во клубот. Арсенал секогаш беше посебно место за мене и многу сум возбуден поради шансите кои ги добив. Многу од играчите ги познавам и ќе дадам сè од себе за да се развијат и да станат подобри играчи“, вели легендата.

Швеѓанецот последниот ангажман го имаше во Волфсбург, кадешто работеше како асистент.