Лебедова песна на Македонецот: Адеми во тимот на сезоната во Хрватска!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, повеќе од заслужено и максимално очекувано, се најде во идеалниот тим на сезоната во хрватската ХНЛ-лига.

Играчот на Динамо Загреб беше без конкренција на својата позиција во составот и тоа во изборот на Фудбалскиот синдикат во Хрватска, во кој гласаа фудбалерите и тренерите од сите прволигаши во оваа земја. Во идеалниот тим има четворица од таборот на актуелниот шампион.

Ова би можело да биде последни признание за Адеми во хрватскиот фудбал, со оглед што сѐ погласни се најавите околу неговото заминување од Загреб. Во моментов најсериозни се шпекулациите за негов трансфер во унгарски Ференцварош.