Лазетиќ во Милан го одбра бројот на Кака (ФОТО)

Марко Лазетиќ и официјално е нов фудбалер на Милан откако денеска потпиша договор до јуни 2026 година. 

Младито 18-годишен напаѓач доаѓа на „Сан Сиро“ од редовите на Црвена Звезда за обештетување од четири милиони евра, плус еден милион во бонуси. Србинот е замена за Пјетро Пелегри, кој не се изнаигра изминатата полусезона и кариерата ќе ја продолжив во Торино.

Лазетиќ реши да го земе дресот со број 22 што во минатото му припаѓаше на клупската легенда Рикардо Кака.