„Лампард има предиспозиции да биде еден од најдобрите менаџери“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар, го пофали Френк Лампард за неговата работа во Челси и се надева дека неговиот поранешен соиграч ќе стане еден од најдобрите менаџери во светот.

Белгиецот ова лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ токму од Лондон, само еден месец пред Лампард да биде назначен за нов кормилар на тимот.

Не сум изненаден од влијанието на Лампард. Го познавам како играч, не како тренер, но тој е одличен човек. Поминаа четири месеци, а тој веќе се покажа дека може да биде еден од најдобрите менаџери. Убаво е што тие играат со млади момци од Англија. Добро е и за Англија и за Челси. Тие имаат среќа што имаат вакви млади играчи со слични квалитети. Можеби со уште двајца или тројца играчи и ќе се борат за првото место. Кога ги гледам како играат, изгледаат пријатно. Јас сè уште имам пријатели таму, сè уште ги следам. Среќен сум за нив, изјави Азар.