Лацио конечно ја одреди цената за Милинковиќ-Савиќ – два гиганти во игра за Србинот

Римскиот калчолигаш Лацио конечно ја одреди цената за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ и тоа 100 милиони евра во кеш, без никакви опции за размена на фудбалери и доплаќање.

После многу натегања, шпекулации за иднината на Милинковиќ-Савиќ, првиот човек на „орлите“, Клаудио Лотито се согласил да го продаде фудбалерот за врска, па сега два клуба се во игра за негов ангажман.

Првиот е Јувентус, клуб кој од поодамна го посакува, но Србинот е резервен план во Торино, само ако „старата дама“ не успее да го купи Пол Погба од Јувентус.

Втората опција е ПСЖ, каде би требало како директор да се врати Леонардо, откако си замина од Милано, а сооглед дека парижаните ќе прават реконструкција на тимот, Милинковиќ-Савиќ е една од важните алки во изградбата на новиот тим, кој пред се во Европа ќе треба да донесе поголем успех од двете осминафиналиња во последните две сезони.

Но, да е целара работа сплеткана е фактот дека Лацио ќе одолговлекува со продажбата на српскиот фудбалер до момент додека не најде негова соодветна замена и тоа на барање на тренерот Симоне Инѕаги.