Лацио ја прегази Сампдорија и го држи чекорот зад Јувентус и Интер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио полесно од очекувањата забележаа убедлива победа на домашен терен против Сампдорија со 5-1 во рамки на 20. коло во Серија А.

Уште еден одличен натпревар одигра Чиро Имобиле, кој со хет-трик (два од пенал) ги торпедираше гостите, а останатите два погодока за тимот од Рим ги постигнаа Каиседо и Бастос. Голот за утеха на Сампдорија го даде Линети.

Ова е 11-та победа во низа за Лацио со која на лидерот Јувентус ќе му се доближи на само три бода, додека на второпласираниот Интер на еден бод.