Ла Лига му измисли нов прекар на Енис Барди (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди изминатиот викенд го постигна својот прв гол сезонава од слободен удар или вкупно шестиот од оваа позиција откако е дел од Леванте. 

Шпанските медиуми веќе го нарекуваат „новиот Дејвид Бекам“, но шпанска Ла Лига вечерва на „Твитер“ му измисли нов прекар, „Енис 'смртоносниот' Барди“. Нашиот репрезентативец има шест постигнати голови од слободен удар од 22 шутеви, што значи дека има приближно 30 отсто реализација на слободните удари.