
Кварацхелија: Пораснав гледајќи го Реал Мадрид на телевизија!
Ѕвездата на Наполи, вели дека има посебни емоции кон Реал Мадрид бидејќи пораснал гледајќи ги нив.
„Пораснав гледајќи го Реал Мадрид на ТВ и сега тие се мои ривали на теренот, на нашиот стадион. Невозможно е да не се биде среќен за ноќи како оваа“, вели Кварацхелија.
„Ние сме тим кој ги почитува сите, но не се плаши од никого. Ние сме шампиони на Италија и ќе направиме се за да го добиеме овој натпревар“.
„Ги гледав Гути и Роналдо и се обидував да ги имитирам, тие беа мојата инспирација. Ми се допаѓаше начинот на кој Гути игра со топката. Го гледав цело детство и никогаш не можев да замислам дека еден ден ќе ми се јави и ќе ми даде негов трес. Си пишавме двајцата и ме направи среќен. Тоа беше исполнување на сонот на малиот Квича“.