Кутињо уште не стигнал во Барселона, а во соблекувалната веќе има бунт поради него!

Барселона и Ливерпул и натаму преговараат околу трансферот на Филипе Кутињо. Двата клуба никако да се договорат за отштетата, а ги делат околу 20 милиони евра.

„Каталонците“ нудат обештетување од 130 милиони евра, „црвените“ бараат 150 милиони евра. Сепак, се очекува во следните неколку дена конечно да биде пронајден заеднички јазик и трансферот да се реализира.

Но, проблемите на Барселона нема да завршат тука, бидејќи ја чекаат нови главоболки и тоа на „домашен фронт“. Според информациите во некои медиуми фудбалерите на Барселона се незадоволни од високата плата на Кутињо, што би ја имал доколку премине во тимот.

Тој ќе заработува 14 милиони евра по сезона и ќе биде трет најплатен фудбалер во тимот зад Лионел Меси и Луис Суарез, а ќе има иста плата со Џерард Пике. Наводно токму Пике, заедно со Серхио Бускетс се фудбалерите кои се бунат на високата плата на Кутињо. Според нив, некои од актуелните играчи на клубот биле целосно потценети кога се во прашање финансиите.

Останува да видиме како ќе влијае трансферот на Кутињо врз атмосферата во Барселона и дали овие шпекулации се вистинити.