„Земјотрес“ во Мадрид: Рикелме го сака Клоп за тренер на Реал!

Кандидатот за нов претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме продолжува со бомбастичните најави за промените кои ќе се случат во гигантот ако стане прв човек на „кралевите“.

Рикелме го најави германскиот тренер Јирген Клоп како нов предводник на „кралскиот клуб“ ако победи на изборите.

„Ако победиме на изборите, в понеделник нашиот директор Раул ќе го контактира Клоп затоа што него го сакаме за нов тренер. Не ни е потребен Жозе Мурињо“, кажа Рикелме.

Рикелме претходно го најави и Ерлинг Халанд како нов напаѓач, но набрзо следеше демант од голгетерот, меѓутоа и од Манчестер сити кој се закани со тужба.