Кутињо нема да го носи бројот на Кројф - одбра друг (ФОТО)

Фудбалерот кој пристигна од „Енфилд“ во Барселона за неверојатни 160 милиони евра по се изгледа дека си пронајде идеален број за него.

Медиумите пишуваа дека Кутињо ќе го носи бројот 14 откако Маскерано ќе замине од Каталонија, но по се изгледа дека нема да биде ништо од тоа.

На социјалните мрежи се појави интересна фотографија со која се „потврдува“ дека Бразилецот ќе го носи бројот 7.