Кулибали: Сакам да ја завршам кариерата во Наполи

Калиду Кулибали важи за еден од најдобрите стопери во Европа, па затоа и неговото име често се поврзува со голем трансфер.

Стоперот на Наполи не размислува за заминување, туку сака да ја заврши кариерата на „Сан Паоло“.

„Моето семејство е среќно тука, па затоа и јас сум среќен“, вели Кулибали. „Не сакам да бидам познат како 'фудбалерот од 100 милиони'. Колку вредам е работа на директорите. Јас размислувам само како да дадам 100 отсто на теренот. Во фудбалот не знаете што ве чека зад аголот. Никогаш не сум зборувал со клубот за заминување. Треба да најдеме решение, но јас никогаш не сум зборувал за трансфер-пазарот. Ќе видиме што ќе одлучи претседателот и дали ќе му понуди продолжување на договорот, со што би ми овозможил да ја завршам кариерата тука. И натаму имам уште три години од договорот, па затоа има време. Не размислувам за ништо друго освен за Наполи“, вели дефанзивецот за „Газета дело спорт“.

Кулибали низ европските медиуми се поврзува со трансфер во редовите на Манчестер јунајтед или ПСЖ, но желбата на фудбалерот е јасна.