Крајот е блиску: „Ѓаволите“ го тргнаа постерот со Роналдо од „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Англискиот гигант Манчестер јунајтед планира во следниот период да го избрка Кристијано Роналдо, кој во скандалозно интервју со Пирс Морган откри детали кои очигледно ги повредија чувствата на раководството на „црвените ѓаволи“.

Роналдо со бомбастичното интервју откри детали од „Олд Трафорд“ и го нападна тренерот Ерик Тен Хаг, а клубот очигледно реши да му се одмазди и реши да го тргне неговиот постер, а очигледно тоа е само прв потег кон ослободување од португалскиот ас.

На интернет се појави снимка како работници го тргаат постерот на Роналдо, а тоа според многумина е јасен знак дека крајот на соработката меѓу двете страни е блиску.