Крај на љубовта со Лидс: Алиоски побарал од менаџерот да му најде нов клуб?

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски наскоро би можел да го напушти Лидс, откако „Фудбал Инсајдер“ објави дека фудбалерот побарал од неговиот менаџер да му пронајде нова екипа.

Оваа вест доаѓа веднаш по изјавата на поранешниот англиски репрезентативен голман Пол Робинсон, кој посочи дека македонскиот фудбалер ќе замине од Лидс бидејќи  го загубил местото во првиот тим кај тренерот Марсело Биелса.

Македонскиот фудбалер во декември за „Би-би-си“ кажа дека сака да остане во премиерлигашот, но ситуацијата од тогаш се промени, па сега се поврзува со трансфер во Галатасарај, каде што би можел да се пресели на лето

Алиоски сезонава беше првотимец на 18 од 25 натпревари, а во премиерлигашот пристигна уште во 2017 година и вкупно настапи на 158 меча, а притоа постигна 22 гола и 16 асистенции.