Крај на една ера: Рамос по 16 години и четири титули во ЛШ го напушти Реал

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос по 16 години ќе го напушти Реал Мадрид ова лето, иако водеше преговори за нов договор, но не можеше да се договори со претседателот Флорентино Перез, по што поранешниот европски првак ја потврди информацијата преку официјалниот веб-сајт.

Рамос играше за „кралевите“ од 2005 година, кога пристигна од Севилја, а во текот на кариерата освои многу трофеи со шпанскиот гигант, меѓу кои и четири титули во Лигата на шампиони (ЛШ), но Перез не сакаше да му ги задоволи финансиските потреби и не му понуди договор на две години, поради што двете страни решија да се разделат по долгогодишна соработка.

Дефанзивецот за 16 години минати на „Сантијаго Бернабеу“ одигра неверојатни 671 натпревар за клубот и притоа постигна 101 гол, а освен четирите пехари во ЛШ, тој учествуваше во освојување на четири Светски клупски првенства, два шпански Купа и пет титули во Ла Лига.